More

    Зеленски ја поздрави операцијата на Змискиот Остров

    spot_img

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето синоќешно видеообраќање изјави дека подигнувањето на украинското знаме на Змискиот Остров е знак дека неговата земја не е скршена. Вчера во 5 часот наутро група украински војници дојдоа на островот и на кратко забодеа знаме, за брзо потоа да бидат ракетирани од Русите. Според руските власти, преживеаните Украинци се упатиле кон Одеса.

    Но, ова не беше пречка Зеленски да ги пофали војниците.

    Секој руски капетан, на брод или на авион, нека го види украинското знаме на Змискиот Остров и нека знае дека нашата земја нема да биде скршена, истакна Зеленски.

    Тој додаде дека двомесечната операција за ослободување на Змискиот Остров е предупредување до руските сили во Украина.

    Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Змискиот Остров повеќе пати е заземен од руската и од украинската армија.

    Змискиот Остров е стратешки важен и за Украина и за Русија. Во Црното Море има само неколку острови, а Змискиот Остров е лоциран на околу 200 километри јужно од Одеса, и од него може да се контролира целиот поморски сообраќај во близина на најголемиот пристаништен град во Украина. Со долгорочна окупација на островот, Русија ќе може да го блокира речиси целиот извоз на стоки преку пристаништето Одеса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img