More

    Запрено ширењето на пожарот на грчкиот остров Лезбос

    spot_img

    Противпожарната служба и другите екипи на терен користеле пожарни ровови за да го спречат ширењето на пожарот на грчкиот остров Лезвос, соопштија локалните власти.

    Рововите беа ископани синоќа, со употреба на тешка механизација, по што беа повторно ангажирани шест противпожарни авиони.

    Екстремните температури продолжуваат да ја отежнуваат ситуацијата, главно на југот на Грција каде што е во тек тревога за пожари, а националните паркови се затворени.

    Голем пожар во јужниот дел на регионот на Пелопонез предизвика евакуација на шест села во неделата, но тој беше локализиран во областите каде што беа загрозени куќи.

    Во националниот парк Дадија на североистокот од земјава веќе петти ден гори шумски пожар. Пожарникарите за специјални операции беа распоредени да се приближат до областите каде што беа ископани противпожарни ровови, но променливите ветрови ги попречија тие напори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img