More

    Започнува судењето на Бјелогрлиќ поради напад на режисерот

    spot_img

    Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ (58) во август минатата година во хотел во Ниш одзади го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ (63) и го удрил повеќе пати во глава.

    Имено, Првиот основен суд во Белград го закажа почетокот на судењето на Бјелогрлиќ на 24 март, пишува „Србија данас“.

    Обвинителството во Ниш поднесе обвинителен акт за насилничкото однесување на актерот и побара затворска казна од шест месеци.

    Да потсетиме, Бјелогрлиќ го нападна режисерот на српскиот филм „Дара из Јасеновац“ и го удрил неколкупати пред другите гости да успеат да ги разделат, а Антонијевиќ ги документирал повредите што ги добил и нападот на неговиот колега го опиша како „дивјачки чин на пијан и дрогиран човек“.

    Српските медиуми претходно пишуваа дека Бјелогрлиќ во моментот на нападот кој се случил во раните утрински часови имал 1,15 промили алкохол во крвта, што било утврдено со подоцнежен тест, а пресметано врз основа на измерената количина што актерот ја имал во тоа време.

    По рочиштето пред обвинителството во Ниш, мерката притвор е укината и актерот е пуштен да се брани од слобода во продолжението на постапката.

    Инаку, Антонијевиќ е автор на филмот „Дара из Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“.

    Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа. Бјелогрлиќ тогаш го негираше тоа и тврдеше дека преписката е фалсификувана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img