More

    Залихите се чуваат за дома, Кина зимава никому нема да продава

    spot_img

    Кина им препорача на државните увозници да престанат да продаваат течен природен гас (ЛНГ) на странски клиенти. Таа го препорача ова бидејќи владата сака да обезбеди безбедно снабдување на своето население во зимската грејна сезона, пренесе агенцијата „Блумберг“. Упатени во оваа работа за американската новинска агенција изјавиле дека Националната комисија за развој и реформи побарала од компаниите „PetroCajna“, „Sinopek“ и „CNOOC“ да ги заштедат зимските залихи за домашна употреба, пренесува РТ.

    Домашната побарувачка за енергија во Кина е намалена во последните месеци, што го натера Пекинг да го препродаде вишокот на течен природен гас на глобалниот пазар. Меѓу главните купувачи беа Европа, Јапонија и Јужна Кореја.

    „Кина има големи договори за купување на ЛНГ со извозници како што се САД, па трговците од таа азиска земја пренасочуваат дел од своите пратки во Европа оваа година поради слабата побарувачка дома“, пишува Блумберг.

    Бројките покажуваат дека испораките на гас од Русија во Европа паднале од 40 отсто на девет отсто, додека увозот на ЛНГ во Европската унија пораснал за 60 отсто на годишно ниво и покрај тоа што е многу поскап од испораките на гасоводот.

    Сепак, сегашните прогнози за мал дефицит во снабдувањето со гас веројатно го поттикнаа Пекинг да го направи овој потег, бидејќи владата вети дека ќе ги загрее домовите зимава. Претседателот Си Џинпинг, исто така, се осврна на прашањата за енергетската безбедност за време на неговиот двочасовен говор во неделата.

    Според Блумберг, намерата на Кина да обезбеди домашно снабдување со гас може да ги исцрпи пратките во Европа и да ја влоши енергетската криза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img