More

    За утре е издадено предупредување за можни поплави и свлечишта

    spot_img

    Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, најавуваат од УХМР.

    И во Скопската Котлина утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

    „Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура“, соопштија од УХРМ.

    Во случај на појава на електрични празнења од УХМР, препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

    Предупредување пристигна и од Секторот за Хидрологија при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откаде најавуваат можни појави на опасни води и бројни свлечишта.

    „Доколку се остварат овие врнежи со голем интензитет за кратко време траење на одредени помали сливни површини, во среда на 5ти јули, па и следниот ден четврток, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето така и на патната инфраструктура која е во нивна близина, а на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите можат да предизвикаат комунални проблеми“, се вели во соопштението.

    Достапните модели најавуваат потреба од внимателност генерално на пределите, падините и рамнините околу планините Шар Планина, Јакупца, Караџица, Бистра, Баба, Ниџе, Кожуф, Стогово, Осоговието, Огражден и Малешевските Планини.

    Оттаму препорачуваат внимателно движење особено покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img