More

    За три дена регистрирани се 173 новозаболени со коронавирус

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 16.09 до 18.09.2022) се регистрирани 173 новозаболени лица со ковид-19, починати се три лица, додека како оздравени се водат 186 пациенти.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 1.216 тестови, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19: Скопје –123, Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (173), регистрирани се 46 реинфекции.

    Регистрирани сe 186 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 11, Кавадарци и Велес – по 9, Прилеп, Кочани и Неготино – по 6, Битола – 5, Берово – 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар и Струмица – по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип – по 1.

    Во текот на изминатите 3 дена (16.09 – 18.09.2022) пријавенисе 3 починати лица, по едно лице од Скопје (69), Валандово (75) и Охрид (79). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

    Направени се 1.216 тестови преку:ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-133, ЦЈЗ Битола-42, ЦЈЗ Прилеп-12, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-32,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0,Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-23, Биотек-44, Систина-25, лабораторија Лаор-8,Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност-6, Генеа-2,Никоб Лаб-65, ВФВ Медикал-12,Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–7,ЖанМитрев Струмица–0,Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 559.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починатие 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img