More

    „Срамота е што издадовте налог за Нетанјаху, ги едначите Израел и Хамас“

    spot_img

    Бајден ја нарече „срамота“ одлуката на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг да бара налог за апсење на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека „срамниот“ потег ги загрозува разговорите за прекин на огнот, пишува Тајмс Оф Израел. Во исто време судот во Хаг(МКС) издаде налог за апсење на лидерот на групатата Хамас.

    – Да бидам јасен: што и да навести овој обвинител, нема еквивалентност, ниту една, меѓу Израел и Хамас. Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите за неговата безбедност – рече Бајден.

    Додека Белгија му понуди поддршка на судот и на одлуката на обвинителот во МКС, Карим Кан, повеќе западни лидери го осудија налогот за апсење на Нетанјаху. Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека администрацијата на Бајден „фундаментално ја отфрла“ одлуката на Кан.

    – МКС беше основан од нејзините држави членки како суд со ограничена јурисдикција. Тие ограничувања се вкоренети во принципите на комплементарност, кои се чини дека не се применети овде во услови на брзање на обвинителот да ги бара овие налози за апсење наместо да му дозволи на израелскиот правен систем целосна и навремена можност да продолжи – рече Блинкен.

    Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан објави дека побарал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, како и водачите на Хамас Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханује, 20 мај 2024 година.

    Во понеделникот попладне, портпаролот на премиерот на Велика Британија Риши Сунак рече дека одлуката на обвинителот на МКС е некорисна.

    – Оваа акција не е корисна во однос на постигнување пауза во борбите, извлекување заложници или внесување хуманитарна помош – рече портпаролoт на Сунак и додаде дека МКС нема јурисдикција да бара налози за апсење:

    – Велика Британија, како и другите земји, сè уште не ја признава Палестина како држава и Израел не е држава-членка на Римскиот статут, кој ги опишува одредбите на МКС во области на јурисдикција.

    Запрашан дали полицијата ќе го уапси Нетанјаху доколку дојде во Британија, портпаролот рече дека нема да коментира за, како што рече, „хипотетички“ случај.

    Во меѓувреме, белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лахбиб објави на Икс дека Брисел ја поддржува работата на МКС.

    „Злосторствата извршени во Газа мора да се гонат на највисоко ниво, без оглед на сторителите“, напиша таа.

    „Борбата против неказнивоста каде и да се случуваат злосторства е приоритет за Белгија“.

    Лахбиб додаде дека барањето на Кан за налози за апсење и на израелските и на лидерите на Хамас „е важен чекор во истрагата за ситуацијата во Палестина“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img