More

    За шест месеци 108 лекари го напуштиле Косово

    spot_img

    Според податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, што е речиси двапати повисока бројка споредено со претходната, 2020 година, кога тоа право го оствариле 423 лица.

    Најголем дел се лица со потекло од Косово, потоа Турција, Сирија и Италија, а доминира возрасната група од 30 до 39 години.

    Во август 2019 година Албанија донесе закон „За државјанство“, кој содржи неколку суштински измени, како што е членот 6 каде се предвидува „стекнување државјанство врз основа на потекло“.

    Со ова им се овозможи на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да стекнат албанско државјанство, под услов да се докаже семејната врска во директна линија до трето колено на барателот со предците.

    Албанско државјанство добиваат и заслужни спортисти, стопанственици и други, независно од потеклото. Барање се доставува до министерството за внатрешни работи а по законската процедура, го одобрува шефот на државата.

    Од друга страна бројот на албански граѓани кои се откажале од своето државјанство е поголем, односно лани од албанско државјанство се откажале 724 лица, наспроти 513 претходната година.

    Во просек годишно од албанското државјанство се откажуваат по над 700 лица, кои главно живеат и работат во земји, како Германија, која не признава двојно државјанство.

    Во првите шест месеци од оваа година вкупно 108 лекари, пак, ја напуштиле работата во јавните здравствени установи во Косово и заминале да ја вршат професијата во странство, главно во Германија, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Претседателот на Лекарската комора на Косово, Плеурат Сејдиу за агенцијата КосоваПрес изјави дека мошне загрижувачкиот тренд на одлевање на медицинскиот кадар, меѓу кои и специјалисти и специјализанти, меѓу другото, е последица на неуспехот на надлежните власти да изготват квалитетна стратегија за човечките ресурси.

    – Сега се надминува бројката што ја предвидувавме за оваа година, а која беше околу 200 до крајот на годината. Само во првите шест месеци имаме 108 лекари кои веќе ги подготвиле документите, го подигнале сертификатот за етичка-професионална чистота, кој им е потребен за да заминат. Очекуваме дека до крајот на годината тоа ќе го сторат сигурно 220 лекари, главно млади. Меѓу нив се 7-8 специјалисти и повеќе од 36 специјализанти, додека останатите се лекари кои дипломираат и ова е алармантно – изјави Сејдиу.

    Според него, за спречување на овој тренд потребно е сериозно инвестирање од државата за создавање подобри услови за работа и за специјализации, како и подостоинствени плати.

    – Трите главни причини остануваат исти како и минатата година: на прво место се условите за работа, квалитетот и условите на специјалистичкото образование и трето е платата. Единствено решение е сериозното инвестирање во здравството, а притоа не мислам само на апаратура, туку инвестирање во човечки ресурси. Во Косово нема вистинска стратегија, ниту за човечките ресурси, ниту за здравството, а нема ниту вистински здравствени политики – вели Сејдиу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img