More

    За Милановиќ украинскиот извик е ист како „За домот спремни“

    spot_img

    „Се борам како Исус да ги оставам настрана извиците како ЗДС (За домот спремни) на страна. Ако не си го сфатил тоа, не можам да те превоспитам. Но, нема разлика помеѓу ‘За дом спремни’ и ‘Слава Украина“, пишува Индекс.

    Вака изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во говор на церемонијата на доделување јавни признанија и награди на градот Загреб.

    –     – Тоа е крикот на најрадикалните шовинисти на Западна Украина кои работеа со нацистите и убиваа илјадници Евреи, Полјаци… Не сакам да го слушам тоа во Хрватска. Не ме интересира тоа што некои лидери се закачија на тоа. Нека измислат поинаков поздрав. Нека ги отстранат Русија и Украина. Киев е далеку, Москва уште подалеку – додаде хравстскиот претседател.

    Деновиве Милановиќ пак беше во етерот со својата изјава со која ја коментира ситуацијата на северот на Косово и инцидентите во општините Звечан и Лепосавиќ.

    –    – Престанете да повторувате дека Косово е Србија. Србија мора да разбере и да прифати дека Косово е независно. За жал, тоа не е прифатено од неколку други членки на Европската Унија – изјави Милановиќ мислејќи на Грција, Романија, Кипар, Словачка и Шпанија.

    Тој додаде дека на самитот на НАТО лани, по руската инвазија на Украина, тој бил единствениот кој повикал европските земји, кои уште не го направиле тоа, да го признаат Косово.

    –    – Но, тоа е како да зборуваш со ѕид. Некои земји не го признаа тоа затоа што се плашат од преседани кои евентуално, во некој кризен момент, во одредено опаѓање на имунитетот, може да се применат во нивните земји и да им се одземе нешто – објасни Милановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img