More

    Взаемното признавање е нивна желба, ама ние тоа не го сакаме

    spot_img

    Коментирајќи ја пораката на Европскиот парламент дека Србија мора да го признае Косово и Метохија, српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на секторот Б5 од обиколницата околу Белград рече дека тоа е многу чудна политика, но дека Србија си има свое мислење оти ѝ се може.

    – Сите документи споменуваат и пишуваат за сеопфатна нормализација на односите, а не за меѓународно признавање. Взаемното признавање е нивна желба, ама ние тоа не го сакаме. И како што кажав, секој има своја работа, тие нивна, ние наша. Тие се многу важни, ние не сме, но како што гледате, можеме да имаме своја мислење и, ни се може – рече Вучиќ.

    Тој додаде дека Владата и Собранието на Србија ќе одлучуваат за извештајот на Европскиот парламент.

    Според него, Собранието на Србија наскоро ќе одлучува за извештајот на Европскиот парламент за Србија, од каде, како што вели, ќе се каже истото што го кажал и сега.

    Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пак, денеска во Приштина изјави дека фокусот на Косово треба да биде дијалогот меѓу Приштина и Белград и спроведувањето на сите досега постигнати договори.

    На заедничката прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, тој ја поздрави позицијата на Косово за воведување и спроведување санкции кон Русија.

    – Имавме можност да разговараме за односите меѓу ЕУ и Косово и да кажеме дека Западен Балкан е стратешки партнер. Го поздравуваме фокусирањето на Косово на реформите и клучните прашања, како што е владеењето на правото. Разговаравме и за визната либерализација. Внимателно ги слушав аргументите и знаете дека за ова прашање мора да одлучуваат земјите-членки на ЕУ. Треба да се нагласи дека фокусот на Косово треба да биде дијалогот меѓу Косово и Србија и да се спроведат сите договори – рече Мишел.

    Тој додаде дека следната недела ќе се сретне со 27 лидери на ЕУ, каде, како што рече, ќе има можности „да покажеме единство за нашите заеднички вредности“.

    Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Косово е најпроевропската земја во Европа и дека обединета Европа е нецелосна без Косово и Западен Балкан во неа.

    Таа рече дека нема луѓе кои се повеќе посветени од Косово на вредностите и слободите што ги претставува ЕУ и дека заложбата на Косово за влез во ЕУ е непоколеблива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img