More

    Вучиќ го свика Советот за безбедност, вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата

    spot_img

    После најновите закани на косовскиот премиер Албин Курти дека косовските безбедносни сили вечерва ќе ги нападнат Србите на барикадите на северот на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност во 19 часот.

    За најновите одлуки на ова тело тој ќе ѝ се обрати на нацијата, во дневникот на Радиот-телевизија Србија во 19.30 часот.

    Претходно, белградски медиуми објавија дека претседателот на Српската листа Горан Ракиќ ги потврдил плановите на Курти.

    Како што веќе објавивме, српските медиуми, повикувајќи се на вест на порталот Новости, попладнево панично известуваат дека на денешниот состанок на Советот за национална безбедност на Косово паднала одлука безбедносните структури на Косово, предводени од специјалните единици на полицијата, ноќеска да ги отстранат барикадите на север.

    Курти им дал на Србите ултиматум до вечерва да ги тргнат барикадите од магистралните патишта.

    Увертира на можната вечерашна акција на безбедносните сили на Косово е упадот на косовските специјалци во објект кај Газивода. Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, објави дека го информирал специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, дека специјалните единици на косовската полиција незаконски извршиле рација.

    „На чуварот му ги одзеле клучевите, искинале српски знамиња. ЕУ мора да го ограничи насилникот и узурпатор Курти од неговите еднострани и вооружени дејствија со кои сака да предизвика војна“, напиша Петковиќ на Твитер.

    Сообраќајот е затворен по главните сообраќајници, а северот на Косово е блокиран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img