More

    Вториот ден од самитот на ЕУ беше посветен на односите со Кина, која се смета за системски ривал на Европската Унија

    spot_img

    Вториот ден од самитот на ЕУ беше посветен на односите со Кина, која се смета за системски ривал на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефовите на држави и влади на ЕУ одржаа дебата денеска за Кина и односите со ЕУ, неколку дена само по завршувањето на Конгресот на комунистичката партија на Кина.

    Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изјави дека не треба да се биде „наивен” во однос на Кина, но и дека не треба да се биде во систематска конфронтација. Овие заклучоци се дел од долгогодишните обиди на Европската Унија да изгради „стратешка независност” во однос на големите сили во светот, во областа на енергијата, одбраната и технологијата. Сето тоа во тесна соработка со НАТО.

    За ЕУ е јасно дека ривалитетот со Кина е пред сѐ од технолошка природа и истакна дека е важно да се осамостои од Пекинг во корист на „партнери од поголема доверба”.

    Европската Унија сака да биде независна од Кина, повторија челниците на ЕУ на денешната прес конференција, каде претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека тензиите со Пекинг „забрзано растат”, како што покажал Конгресот на комунистичката партија, смета таа.

    ЕУ ја критикуваше и соработката помеѓу Кина и Русија и покрај војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img