More

    Во услови на тензии со Кина, француски пратеници го посетија Тајван

    spot_img

    Во услови на тензии со Кина, француски пратеници го посетија Тајван
    Делегација на француски парламентарци денеска пристигна во посета на Тајпеј. Тоа е прва посета на група парламентарци од една голема земја-членка на ЕУ на Тајван по неодамнешното избивање на тензии со Кина. Петчлената делегација ја предводи Кирил Пелават, потпретседател на комисијата за европски прашања на францускиот Сенат.

    Според Тајпеј, француската делегација се очекува да остане во посета до понеделник. Ова е веќе четврта посета на француски политичари на островот во последните дванаесет месеци.

    Посетата може да предизвика уште еден остар одговор од Пекинг, по посетата на претседателот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на почетокот на август. Како одговор, Кина започна воени вежби во близина на Тајван, некои од најголемите од средината на 1990-тите. Оттогаш, таа одржува воен притисок со зголемено распоредување на воени бродови и авиони во Тајванскиот теснец.

    Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен предупреди во вторникот дека ситуацијата и понатаму е напната и дека останува заканата од кинеската војска, вклучително и упад на воени авиони во воздушниот простор на Тајван, објави германската новинска агенција dpa.

    Пекинг ги отфрла официјалните контакти на други земји со Тајпеј бидејќи го смета Тајван како дел од Народна Република. Спротивно на тоа, Тајван се смета себеси за независна земја.

    Посетата на Пелоси беше највисоката посета на американски политичар на Тајван во последните 25 години. После тоа минатиот месец следеа неколку одделни посети на американски делегации.

    Посетите на европските политичари на Тајван не се невообичаени. Германските парламентарци исто така сакаат да патуваат во Тајпеј оваа есен, според ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img