More

    Во судир на два воза повредени најмалку 150 патници во близина на Барселона

    spot_img

    Два воза се судрија утрово во близина на Барселона, Шпанија, при што беа повредени неколку десетици луѓе од силината на ударот, соопштија шпанските власти.

    Службите за брза помош во Каталонија соопштија дека прелиминарните извештаи покажуваат дека 150 лица се повредени. Официјалните лица не дадоа детали за природата на повредите, но локалните медиуми објавија дека нема патници кои се сериозни повреди.

    Официјални лица велат дека судирот се случил на железничка линија во Монткада и Реикак, град северно од Барселона, пренесува Мирор.

     

    Естер Капела, претставник на каталонската влада во Мадрид, изјави за шпанското национално радио дека официјални лица го истражуваат инцидентот.

    Според противпожарната служба, возот е веќе целосно евакуиран, а на лице место останале седум спасувачки екипи.

    Останатите екипи на Брзата помош ги префрлаат повредените во амбулантни возила. Ниту еден патник не останал заробен во урнатите вагони.

     

    Според информациите за несреќата, еден од возовите бил запрен на станицата, а другиот удрил во него.

    Оние во запрениот воз рекоа дека една жена паднала при што ја пресекла главата. Како што јави Радио Каталонија, медицинските работници успеале да дојдат до жената, по што таа ја добила потребната помош.

    Патник кој зборуваше за медиумите изјави и дека вториот воз се движел со помала брзина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img