More

    Во средината на 2024 година ќе станеме независни од рускиот гас?

    spot_img

    Најдоцна до средината на 2024 година се планира Македонија да се снабдува со гас од Грција. Новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александруполи за земјава ќе значи енергетска независност, ослободување од рускиот гас и диверзификација на изворите.

    Ваквите заложби ги потврдија денеска премиерите Димитар Ковачевски и Киријакос Мицотакис на средба во Атина, Грција, соопшти македонската влада.

    Премиерите разговарале за последиците од енергетската криза во светски рамки и за енормниот раст на цените на електричната енергија. Тие заклучиле дека стратешките проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време.

    Двајцата премиери констатираа дека регионалната соработка е од големо значење со особен акцент на важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас (ЛНГ) во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји. Интерконекторот со Грција заедно со терминалот за течен гас (ЛНГ) во Александруполи не се само економски, туку и проекти од стратешко значење“, соопшти Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img