More

    Во Скопје се евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица сезонава, нема регистрирано случаи со мали сипаници, заклучно со 22 февруари

    spot_img

    Во Скопје се евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица сезонава, нема регистрирано случаи со мали сипаници, заклучно со 22 февруари, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

    Дека е зголемен интересот за вакцинација против пертусис, народски позната како голема или магарешка кашлица, потврди вчера заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по посетата на поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

    – Добрата вест е дека е зголемен интересот за вакцинација, а тоа го покажуваат и бројките. За период од 01.01-08.02.2024 година имало 669 вакцинирани деца од предучилишна возраст, во следниот период, односно од 09.02 – 21.02.2024 година вкупно се вакцинирани 872 деца. Исто така, комплетно вакцинирани со пертусис на училишна возраст во периодот од 01.01-08.02.2024 година биле 127 деца, а во следниот период – 264 деца – информираше Манолева.

    Заменик министерката уште еднаш ги повика родителите да ги вакцинираат нивните деца, зашто, како што подвлече, тоа е единствената безбедна превенција и најдобра заштита од ова заболување.

    На вакцинација на 15 февруари повика и новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, кој беше прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

    Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

    – Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето – одговори Демири на новинарско прашање.

    Центарот за јавно здравје на 8 февруари годинава прогласи епидемија од голема кашлица во Скопје.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img