More

    Во САД не знаат за одлуката на Русија за напуштање на МВС

    spot_img

    Администрацијата во Вашингтон се уште не добила формално известување од руската Влада за наводното повлекување од Меѓународната вселенска станица, откако раководителот на руската вселенска агенција Роскосмс најави дека нејзините космонаути ќе ја напуштат станицата до 2024 година.

    САД се залагаат за оддржување, и долготрајност на МВС и за безбедност на космонаутите, изјави денеска Џон Кирби, претставник на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.

    – Ние се залагаме за продолжување на важата работа што се врши во Меѓународната вселенска станица, и за безбедност на космонаутите – изјави тој.

    Раководителот на Роскососмос претходно изјави дека Русија сака да замина од станицата до 2024 година.

    Соработката што САД и Русија ја вршат на МВС е една од малкуте останати сфери во невоената соработка меѓу двета земји, чии односи се паднати до најниско можно ниво по Студената војна, а поради инвазијата на Русија во Украина.

    Робин Гејтенс, директор на вселенската станица од НАСА, изјави дека руските колеги немаат соопштено за ова, а кое треба да биде според меѓувладиниот договор за МВС.

    -Засега немаме ништо официјално. Ние буквално само што го видовме ова. Не добивме ништо официјално, изјави Гејтенс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img