More

    Во одморалиштето „Радости“ во Охрид се затруле 5 деца на 9-годишна возраст

    spot_img

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја потврди информацијата за наводното акутно труење со храна во детско одморалиште, а како што соопштија оттаму, пријавата за затруеност со храна ја добиле уште на 18 јули годинава.

    Според нив, затруени биле 5 деца на 9-годишна возраст, сите од скопската населба Радишани, а кои биле сместени во одморалиштето во Охрид.

    „Ноќта во 3 часот пројавиле исти симптоми стомачни болки и повраќање. Од страна на вработен во одмаралиштето се однесени на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид од каде се препратени на Детско одделение, каде се згрижени и после потребните испитувања и ординирана инфузија, утрото се вратени во одмаралиштето во добра здравствена состојба. Веднаш е организирана екипа во состав од епидемиолог и техничар од ЈЗУ ЦЈЗ Охрид, државен санитарен и здравствен инспектор и двајца инспектори од АХВ и е извршен вонреден инспекциски надзор во Детско одмаралиште ‘Радости 1955 ДОО Скопје-подружница Детско одмаралиште Радости Охрид’, во населено место Св.Стефан бр.1 Охрид при што е констатирана следната фактичка состојба: Објектот е со вкупен капацитет од 170 легла. Во момент на надзорот,сместени се 126 деца и 16 возрасни водичи со нив,како и 20 вработени лица-персонал и сите се хранат од кујната во објектот. Последно за вечера сите имале леб и салама, а некои и сирење“, се вели во соопштението.

    При надзорот е утврдено дека, посочуваат оттаму, општата санитарно-хигиенска состојба во кујната е на задоволително ниво.

    „Објектот е постар, но површините се чисти, мазни, од материјал погоден за лесно одржување хигиена-росфрај и плочки. Имаат доволни количини на дезинфекциони средства-Дезинтал и уредно се води писмена евиденција за динамика на одржување хигиена. Дадена е на увид исправна ДДД потврда бр.758 за извршено превентивна ДДД на ден 22.06.2023г од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид. Во кујната се вработени 3 куварки, сите со уредни и чисти работни униформи, капи и ракавици. Презентирани се исправни санитарни книшки со датум на извршени здравствено-хигиенски прегледи од 22.06.2023год. При надзорот од страна на ЦЈЗ и АХВ земени се 4 примероци од храна за микробиолошка анализа и тоа салама, сирење, јајца и зелка, а од страна на епидемиолошката служба во соработка со ДСЗИ ПО Охрид земени се 12 брисеви од работни површини и опрема и 9 материјали од вработени (брис од грло, нос и раце). Од страна на ДСЗИ ПО Охрид, во врска со пријавеното сомнение за акутно труење со храна, а со цел спречување на натамошно ширење на алиментарната токсоинфекција, кујната на детското одморалиште е затворена записнички и со службена лента, а на ден 19.07.2023 издадено е и Решение со наложени против епидемиски мерки и Забрана за работа на кујната за подготовка на храна до обезбедување на уредни наоди по извршените вонредни здравствено-хигиенски прегледи на вработените лица, објектот, просториите, предметите, вклучувјаќи ги и земените материјали од насочено лабораториско испитување“, наведено е во соопштението.

    Таму се додава дека резултатите од лабораторските анализи на примероците од храна покажале дека 3 примероци од храна (салата од зелка, сирење и мортадела) не ги задоволуваат прописите од микробиолошка безбедност на храната.

    „Од вкупно земени 12 брисеви од опрема и работни површини, четири бриса не се во согласност со микробиолошките критериуми за хигиена на површини и предмети кои доаѓаат во контакт со храна. Брис од раце кај една вработена не е е во согласност со микробиолошките критериуми за хигиена на рацете. На ден 27.07.2023 во соработка со инспектор од АХВ, извршен е контролен инспекциски надзор во одморалиштето, по добиена завршна информација од епидемиологот при ЈЗУ ЦЈЗ Охрид на ден 26.07.2023год. При контролниот надзор е утврдено дека во целост е постапено по издаденото Решение, записнички објектот е отворен и симната е претходно поставената лента. Врз основа на стручното мислење од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно законските надлежности, ќе покрене постапка пред Основно Јавно Обвинителство Охрид“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img