More

    Во Косово е приведен македонски државјанин по распишана потерница од Интерпол за тешко убиство

    spot_img

    Во Косово е приведен македонски државјанин по кого Интерпол, на барање на македонската полиција, распишал меѓународна потерница, затоа што како осуден за тешко убиство не се вратил на издржување на казната откако бил пуштен на викенд, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека го одобрил барањето на Основното обвинителство од истиот град за определување мерка притвор против лицето идентификувано со иницијали Н.Е., побарано од македонските власти, врз основа на меѓународна потерница поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.

    Според соопштението, по одржување на распит, судијата во претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела, оценил дека постои основано сомнение дека е распишана меѓународна потерница по истото лице од Интерпол, со барање од 7 март 2022 година од страна на македонските власти, поради кривично дело тешко убиство.

    – Во врска со ова, обвинетиот Н.Е., е осуден на затворска казна од страна на Судот во Скопје, каде што ја издржува казната веќе неколку години, така што уште без да ја издржи казната во целост, во моментот кога бил пуштен на слобода за на посета, избегал од  Македонија. Судијата во претходна постапка го одобри барањето на државниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот согласно член 22 став 1 од Законот за меѓународна правна соработка во кривична материја (Закон бр.04/Л -213) и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 40 дена. Во овој случај се известуваат странките дека жалбата против ова решение не го одложува неговото извршување – се наведува во соопштението.

    Засега нема информации за тоа кога, каде и во кои околности во Косовое е уапсен македонскиот државјанин осомничен за тешко убиство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img