More

    Се зголемува бројот на жртвите во смртоносните израелски напади

    spot_img

    Додека дипломатските напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток продолжуваат, конфликтите во регионот се поинтензивни и се изложени на ризик да излезат од контрола.

    Во Кан Јунис е пронајдена масовна гробница со 50 тела на Палестинци. Службите за итни случаи во Газа ги извлекоа телата на убиените Палестинци од масовна гробница во медицинскиот комплекс Насер во градот Кан Јунис, две недели откако израелските сили се повлекоа од областа, пренесува Ал Џезира.

    Во саботата, еден ден по израелскиот напад врз ирански Исфахан, серија експлозии во близина на Багдад го разнесоа штабот на Ирачкиот фронт за народна мобилизација (ПМФ), кој е контролиран од членови на проирански милиции.

    Еден борец на ПМФ загина, а осум се ранети, за што ирачката милиција ги обвини САД, кои, како и Израел, одговорија дека не се вклучени во акцијата.

    Во рација во близина на бегалскиот камп Нур Шамс на Западниот Брег, израелската армија (ИДФ) уби 10 борци на Исламската држава и уапси осум лица по кои претходно трагаше.
    Од друга страна, палестинските здравствени организации потврдија дека 9 деца се меѓу 14 убиени во последниот напад на ИД врз Рафах. Во нападот повредени се повеќе лица меѓу кои и една бремена жена

    Најмалку 34.097 Палестинци се убиени, а 76.980 се повредени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, според Министерството за здравство на Газа.

    Се проценува дека во последните 24 часа загинале 48 Палестинци, а 79 се повредени, додава Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img