More

    Во Хрватска не се толерираат симболите на СФРЈ

    Маж од месноста Јакшиќ во близина на хрватскиот град Пожега е пријавен од страна на соседите во полициска станица поради истакнување на знамето од поранешната СФРЈ на својата куќа. Со овој чин, според соопштението на полицијата, 47-годишниот маж ги навредил чувствата на граѓаните.

    Полицијата во соопштението информира дека во вторникот на 29 ноември во месноста Јакшиќ на предниот дел од куќата до самата улица развеал југословенска тробојка со петокрака, која е симбол за поранешната заедничка држава. Поради ова против него ќе биде поднесена прекршочна пријава според Законот за нарушување на јавниот ред и мир, пренесуваа медиумите во Хрватска.

    Во поранешната заедничка држава 29 ноември се празнуваше како Ден на Републиката, кога во 1943 година во Јајце, БиХ на Второто заседание на АВНОЈ се удрени темелите на Втората Југославија (СФРЈ).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img