More

    Во Германија стапија на сила мерките за заштеда на енергија

    spot_img

    Во Германија во четвртокот стапија на сила мерките за намалување на потрошувачката на енергија во јавните и приватните објекти.

    Од 1 септември дозволено е греење во јавните простории на максимални 19 степени наместо досегашните 20. Во просториите каде се врши тешка физичка работа, дозволената температура се намалува на 12 степени.

    Понатаму, употребата на котли за топла вода на јавни места е забранета освен ако тоа не е неопходно од хигиенски причини. Од ова правило се изземени болниците и здравствените и социјалните установи.

    Забрането е и осветлување на јавни објекти или споменици од естетски причини, со исклучок на краткотрајно осветлување во случај на јавни настани.

    Излозите и осветлените реклами мора да бидат исклучени помеѓу 22 и 6 часот наутро, со исклучок на билбордите на пешачките подвозници.

    Во приватните домаќинства од 1 септември е забрането загревање на базени со струја или гас. Во договорите за станови кои се издаваат за период од шест месеци, не важи клаузулата за минимално загревање на станот, што сопственикот е должен да го гарантира.

    Со цел да се диверзифицира снабдувањето со гас, германската влада во четвртокот најави изградба на уште еден терминал за претовар на течен природен гас (LNG). Тоа е петти по ред терминал за ЛНГ, чија изградба ја најави германската влада од почетокот на украинската војна и намаленото снабдување со руски природен гас.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека резервоарите за гас се полни 85 отсто „повеќе од очекуваното“.

    Од почетокот на кризата, Германија склучи неколку договори за снабдување со гас од Русија за зголемен извоз на течен гас, меѓу другото и со Катар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img