More

    Во Германија се вклучи алармот – Во потрага по гас за зимските месеци

    spot_img

    Кредитните линии во вредност од 15 милијарди евра обезбедени од германската Влада за купување гас за залихи можеби не се доволни, предупреди Клаус Милер, шефот на германското енергетскско регулаторно тело во интервјуто за деловниот неделник „WirtschaftWoche“.

    Германија го подигна нивото за криза за гас на тревога откако руски „Гаспром“ за 60 проценти ги намали испораките преку гасоводот „Северен тек 1“. Причина за намалувањето на испораките наводно е доцнење на опремата доставена до „Сименс“ за поправка. Пумпите испратени на репарација во Канада останаа блокирани поради санкциите воведени кон „Гаспром“.

    Во меѓувреме Владата во Берлин најави 15 милијарди евра за полнење на складиштата со гас. Се очекува магацините што моментално се исполнети со околу 60 проценти до октомври и ноември треба да бидат полни до 80 односно 90 проценти.

    – Најавените 15 милијарди евра можеби нема да бидат доволни за да се наполнат германските складишта за гас до зимата, бидејќи цените би можеле да се зголемат уште повеќе поради намаленото снабдување – предупредува Милер.

    Тој посочи дека колку повеќе се зголемуваат цените на бензинот, толку поскапо ќе биде исполнувањето на пропишаното ниво на залихи во октомври и ноември.

    – Германското стопанство исто така би можело да се соочи со недостиг во следните месеци доколку гасот повторно не протече низ „Северен тек 1“, по завршувањето на предвидените активности на негово одржување – изјави Милер.

    „Судејќи според нашите неодамнешни искуства со Русија, би било неодговорно да се претпостави дека сè ќе се реши само по себе“, вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img