More

    Во детско одморалиште во Охрид пријавено е труење со храна

    spot_img

    Во детско одморалиште во Охрид пријавено е труење со храна, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во интервју за МРТВ.

    Бабовски истакна дека периодов се вршат засилени контроли во туристичките и излетничките места, но и во објектите за малопродажба, особено кај оние производи кои се лесно расипливи.

    Тој потенцира дека во туристичките места се уништени над 200 килограми неупотреблива храна, односно храна којашто не одговарала со одредбите од Законот за безбедност на храна и со актуелните правилници.

    – Во овој период, за жал, имаме и неколку сомнежи за труење. Еве, сега актуелно и уште во постапка е едно труење во едно детско одморалиште во Охрид, каде што по пријава на сомнеж на труење прогласено е труење. Таму веќе има одредена постапка којашто Државниот санитарен и здравствен инспакторат (ДСЗИ) заедно со АХВ ги спроведува активностите со цел заштита на здравјето на граѓаните – изјави Бабовски.

    Плусинфо побара подетални информации за труењето од Министерството за здравство, но одговор не добивме.

    Фото: Unsplash

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img