More

    Внимавајте на нив: Ова се помалку познатите знаци на рак на дојка

    spot_img

    Ракот на дојка останува еден од најсериозните форми на рак кај жените. Ракот на дојката, како и многу други форми на рак, може да се излечи доколку се открие во почетната фаза на болеста.Во продолжение прочитајте кои се необичните и помалку познати знаци на рак на дојка. Важно е да се разбере дека постои цела низа симптоми на рак на дојка за да можат навреме да се препознаат и потоа навреме да се тестираат.

    1. Повлекување на брадавиците
    Вовлечената брадавица може да укаже на канцероген израсток. Во овој случај, брадавиците не се насочени кон надвор, туку навнатре или рамни. Ова може да се случи само на едната или на двете гради.

    Постојат многу причини за оваа појава, од бактериска инфекција до вродена мана, но во случај на рак на дојка, брадавицата наеднаш се превртува и може да го промени и изгледот и бојата.

    2. Вдлабнатини на кожата
    Вовлекување на кожата значи дека кожата на брадавицата е како кожа од портокал, а потоа има сосема поинаква текстура од нормалната. Ова е знак за воспалителен карцином на дојка.

    3. Чувство на печење
    Ако вашите гради се топли и отечени, ова може да укажува на рак на дојка. Ова чувство е еден од класичните знаци на воспалителен рак на дојка. Во исто време, дојката е чувствителна на допир, а лицето може да почувствува остра болка.

    4. Исцедок од брадавиците
    Исцедокот од брадавиците може да биде крвав или може да биде течност како млекото, дури и кога не доите. Како и другите симптоми, исцедокот од брадавиците може да се појави и од други причини, но доколку опстојува подолго време, препорачливо е да посетите лекар и да се тестирате, советува Тајмс оф Индија.

    Зборувајќи за другите знаци на рак на дојка, треба да се нагласи дека грутка на дојката и понатаму е главен показател и симптом на овој рак. Сепак, треба да се забележи дека и други работи можат да ги предизвикаат овие грутки.

    „Дури 90% од туморите на дојката не се канцерогени. Неканцерозните абнормалности на дојката вклучуваат бенигни тумори како што се фиброаденоми и цисти, како и инфекции“, велат од СЗО.

    Ракот на дојката може да се прошири на други делови од телото. Првото место на кое се шири ракот на дојката се лимфните јазли под раката. Со текот на времето, може да се прошири на белите дробови, црниот дроб, мозокот и коските.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img