More

    ВМРО-ДПМНЕ оценува дека со буџетот од 5,3 милијарди евра за следната година власта покажува дека нема план за надминување на кризата

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ оценува дека со буџетот од 5,3 милијарди евра за следната година власта покажува дека нема план за надминување на кризата и само планира дополнитлено да ја задолжи земјава колку што може, а парите ќе ги троши ненаменски.

    Според партијата, предлог буџетот покажува дека при неговото планирање не е почитуван принципот на финансиска консолидација и дека парите може да се трошат под сомнение за криминал и корупција.

    Партијата смета дека планираниот дефицит е двојно поголем од растот на економијата и нема да може да се обезбеди со собирање на даноците и таксите.

    -Дефицитот кој го проектира владата е рекордни 5 отсто. И истиот е скоро двојно поголем од растот, кој е проектиран на 2,9 отсто. Ваквиот дефицит во апсолутни бројки е цели 680 милиони евра, тоа се пари кои не се обезбедуваат од приходи, туку со задолжување, кое во период на криза каква што имаме во светски рамки ќе биде се поскапо, односно каматата која ќе се плаќа ќе биде огромна- посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Повикувајќи се на досегашната практика на власта и односот со јавните финансии, ВМРО-ДПМНЕ вели дека  може со сигурност да се  заклучи дека ова ќе бидат 5,3 милијарди евра  фрлени на непродуктивни трошоци, без никаков бенефит и без развојна компонента.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img