More

    ВМРО-ДПМНЕ: Отровен зеленчук е увезен во Македонија од Албанија

    spot_img

    До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното рече на прес конференција Цветан Трипуновски, претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница. Според наши сознанија неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет. Ова се доказите – вели Трипуновски.

    Тој вели дека овој зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија.

    – Ваква операција на труење на сопствените граѓани, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски. Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img