More

    ВМРО ДПМНЕ: Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска

    spot_img

    По вечерашното гостување на скопската градоначалничка Данела Арсовска во „Само интервју“ на Канал 5, каде таа го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека лично и упатувал закани, опозициската партија се јави со соопштение кое го објавуваме интегрално:

    „Со оглед на огромното количество лаги што ги изнесе Данела Арсовска, во срамното интервју на Канал 5 телевизија, би сакале да истакнаме следново:

    Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени.

    Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност.

    Сепак, имајќи ја предвид тежината на обвинувањата што ги искажа во интервјуто, независно од истакнатото, приморани сме да побараме тоа да го докаже во редовна постапка пред македонските судови. Истовремено, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img