More

    Владиното мнозинство ги игнорира реакциите, па почна да се осипува

    spot_img

    Собранието денеска ја изгласа потребата од носење на измени и дополнувања на осум закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.

    Во рамки на 112 седница изгласана е потребата на дополнувањето на Законот за земјоделско земјиште, на измените и дополнувањата на Законот за експропријација, на изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, на измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, на изменување и дополнување на Законот за работни односи, на измените и дополнувањата на Законот за шумите, на измените и дополнувањата на Законот за градење, како и на измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, сите по по скратена постапка.

    Пред почетокот на седницата беа повлечени измените на Законот за културно наследство. Предлагачи на овие закони се пратеници од ДУИ и од СДСМ.

    Потребата за носење на овие закони беше изгласана со 62 гласа, а дел од пратениците од помалите партии во владејачката коалиција гласаа воздражано и против за некои од законите.

    Во процедурално обраќање координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски повика и апелираше овие закони да се повлечат, да се организира јавна расправа на која што сите засегнати страни, пред се, експертската јавност ќе даде свое мислење и аргументи и врз основа на тоа Владата ќе направи заклучоци според кои ќе делува во иднина. Ги повика пратениците од власта да не гласаат за потребата од овој дневен ред.

    – Дел од забелешките кои ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група ги имаме за Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, со овој договор ќе има огромни финансиски импликации на Буџетот. Со членот 5 од Законот и од одредбите од договорот со кои се предвидуваат пенали заради доцнење на поединечните обврски кои ги има државата, нема да може објективно да се исполнат бидејќи државата на старт ќе доцни со секој дел од овој проект и ќе предизвика енормно зголемување на чинење на целиот проект. Законот за експропријација – државата, односно Управата за имотно-правни односи ниту има кадровски потенцијал, ниту има време, со оглед на роковите во Договорот за експропријација на земјиштето, особено со оглед на тоа што сè уште постои урбанистички план согласно кој ќе се утврдат границите на земјиштето кој ќе треба да се експроприра. Нема да се знае кое земјиште е трајно и кое времено ќе се експроприра. Законот за измена на Законот за урбанистичко планирање предвидувца и разработува постапка за нешто ексклузивно урбанистички проект, неурбанистички план. Со предлог-законите за Законот за културно наследство, Законот за минерални суровини и со Законот за шумите повторно се врши груба повреда на амандманот од Уставот, односно повторно се дава неконтролирано ексклузивно право на изведувачот без да се мисли на последиците кои можат да ги предизвика. Дополнително, изведувачот се ослободува од ДДВ со Законот за јавен интерес и стратешки партнер, и кое ослободување ќе влијае на финансиската конструкција на проектот – рече Мицевски.

    Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ процедурално истакна дека ова што се прави во Собранието е со единствена цел да се наштети на угледот на најголемиот инфраструктурен проект во последните 70 години во државата.

    – Но, тоа што е одлука на опозицијата е одлука на опозицијата. Ниту бегаме од дебата, ниту сакаме нешто набрзина да биде донесено. Само ги гледаме проблемите кои што се случуваа на терен, имајќи ги во предвид претходните инфраструктурни објекти кои што се градат низ државата – рече Митрески.

    Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и еден од предлагачите, Арбер Адеми, истакна дека целта на предлозите е овозможување на ефикасно работење.

    – Начелата врз кои се заснова законот е економичност и ефикасност на постапката. Основните решенија се во насока на прецизирање на начин на проектирање, ревизија, изградба на надзорот и ставање во употреба на предметните градби. Имајќи во предвид дека не станува збор за сложен закон, во согласност со членот 70 од Деловникот на Собранието, предлагаме овој предлог на закон да се донесе по скратена постапка – рече Адеми.

    Пратеничката на ДОМ Маја Морачанин потенцира дека нема дилема оти овие инфраструктурни проекти се потребни, во интерес на граѓаните и на државата, но, таа побара овие закони да бидат повлечени од дневниот ред.

    Став против носење на овие закони истакна и пратеникот на Левица Борислав Крмов.

    Во Собранието првпат денеска се случува неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство да гласаат воздржано или против одредени закони. Против или воздржани за некои од законите беа пратениците од ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсовски, против беше Маја Морачанин од ДОМ и Љупчо Балковски од ВМРО-НП, а исто така воздржан или против за некои од законите беше и Мирослав Јовановиќ од Српската странка во Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img