More

    Владата на Србија се комплетира

    spot_img

    Министер за јавни инвестиции во новата Влада на Србија ќе биде Марко Благојевиќ, министер за информации и телекомуникации ќе биде Михаило Јовановиќ, а нов министер без ресор ќе биде Един Ѓерлек, стои во предлог-одлуката за избор на влада, објавена на веб-страницата на Собранието, јави дописникот на МИА од Белград.

    Благојевиќ кој доаѓа од Цесид, во мај 2014 година беше избран за директор на Управата за обнова и помош на поплавените подрачја, а една година подоцна тоа тело прерасна во Канцеларија за управување со јавни инвестиции.

    Во изменетиот Закон за министерства, кој во петокот беше усвоен во српското Собрание, се предвидува формирање на Министерство за јавни инвестиции, кое ќе има речиси исти надлежности како и Канцеларијата. Ќе биде задолжена за координација на реализацијата на проектите за реновирање и подобрување на јавните намени во делот на прибирање податоци за постојните и планираните проекти и потребите на јавните набавки, потоа координација на постапките за јавни набавки, извршување на договорните обврски и плаќања.

    Нов министер за информации и телекомуникации ќе биде Михаило Јовановиќ, поранешен шеф на Канцеларијата на Владата на Србија за информатички технологии и е-управа, се наведува во предлог одлуката. И ова е ново министерство, кое досега беше во рамки на министерството за култура и информации.

    Министер без ресор ќе биде Един Ѓерлек од Партијата за правда и помирување (СПП) на покојниот Муарем Зукорлиќ.

    Почетокот на седницата на која ќе се избира новата влада е закажан за вторник во 12.30 часот во Народното собрание на Србија.

    Медиумите објавија дека новата Влада на Србија ќе положи заклетва на 27 октомври, на празникот Св. Петка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img