More

    Вицепремиер на Украина: Меѓу жртвите на силување има и петгодишно девојче

    spot_img

    Вицепремиерката на Украина Јулија Свириденко изјави дека меѓу жените кои биле силувани во Украина за време на војната има петгодишно девојче и 76-годишна баба.

    Јулија Свириденко обвини руски војници за силување во Украина, а особено нагласи дека меѓу жртвите има и петгодишно девојче и 76-годишна жена.

    Таа изјави за Скај њуз дека била информирана за повеќе обвинувања од украински жени и девојки кои биле изложени на сексуално насилство за време на војната.

    На прашањето како руските војници се однесуваат кон жените, Свириденко рече:

    “Страшно е. Зборувавме за случаи на силување. Најмладата жртва имала пет години, а најстарата 76. Светот треба да слушне за овие страшни приказни и да одговори на тоа. Сакам да ја истакнам неопходноста од санкции против Русија и континуирано снабдување со оружје за Украина за да не можеме да победиме во оваа војна“.

    Таа истакна дека луѓето страдаат: „Посебно страдаат жените и децата. Целиот свет се подготвува за Божиќ, а Украина се подготвува за повеќе ракетни напади и прекини на струја“.

    Свириденко ги изнесе обвинувањата еден ден откако првата дама Олена Зеленска ги обвини руските сили дека користат силување како дел од нивниот арсенал и воено оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img