More

    Вилма Русковска ќе се жали пред Советот на обвинители ,од како Јовевски ја суспендира

    spot_img

    Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која вчера беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител, Љубомир Јовески, донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата.

    Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата за финансиска полиција во јули годинава под сомнение дека директорот на управата, Арафат Муареми, криел предмети во фиока за кои Обвинителството на Русковска не било информирано.

    Русковска за ТВ 24 потврди дека веќе го примила решението за времено отстранување од работното место.

    Преку соопштение, директорот на управата за финансиска полиција, Арафат Муреми, соопшти дека поднел оставка како в.д. директор на управата.

    Според Законот, со одлуката на Јовески меѓу другото е определено кој обвинител ќе ги преземе предметите на Русковска, а до избор на нов шеф на ОЈО ГОКК со ова Обвинителство ќе раководи обвинителот кој Русковска го определила како заменик со годишниот распоред за работа на обвинителите. Мандатот на Русковска истекува во ноември годинава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img