More

    Вил Смит се кае за инцидентот на „Оскарите“

    spot_img

    Откако извесно време остана подалеку од очите на јавноста, Вил Смит се појави во „Шоуто на Тревор Ноа“ заради промоција на својата нова историска драма „Еманципација“ (Emancipation). Во емисијата, меѓу другото, тој проговори и за инцидентот на „Оскарите“ кога Вил му удри шлаканица на Крис Рок на сцената.

    – Тоа беше ужасна ноќ, како што може и да си замислите. Има многу нијанси и сложеност во тоа. Но, на крајот, едноставно се изгубив. И сам минував низ нешто таа вечер. Не дека тоа го оправдува моето однесување… Имаше многу нешта. Тоа беше „мало момче кое го гледа татко сѝ како ја тепа мајка му“… Сѐ тоа прекина во тој миг. Тоа не е она што сакам да бидам – рече оскаровецот.

    Смит се потсети и на една анегдота по „Оскарите“…

    Тој се кае за немилиот настан, но се надева дека тој нема да влијае на успехот на неговиот нов филм.

    – Целосно ќе разбирам ако некој не е подготвен (да го погледне филмот). Апсолутно би го почитувал тоа и нека не биде подготвен. Но, мојата најголема грижа е мојот тим… Луѓето ги завршија најдобрите работи во целата моја кариера и се надевам дека моите постапки нема да ја казнат екипава – нагласи Смит.

    Прикажувањата на филмот требаше да почнат во мај годинава, но беа одложени поради случката на „Оскарите“. Филмот ќе се појави во американските кина оваа недела, а ќе биде достапен и на стрим-платформта „Епл ТВ плус“ почнувајќи од 9 декември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img