По синоќешниот протест пред Претседателството на Србија, полицијата уапси две лица кои го организираа и зборуваа на протестот и едно лице кое пред тоа беше фатен со карабина. МУП објави и видео од апсењето.
Тројцата уапсени се обвинети дека ги повикувале граѓаните да се соберат масовно во Белград и насилно да ги урнат Владата и претседателот на Република Србија.