More

    Венецуела и Колумбија се одлучни „да ја преродат Амазонската шума“

    spot_img

    Претседателите на Колумбија и Венецуела, Густаво Петро и Николас Мадуро на климатскиот самит КОП27 (COP27) повикаа на формирање сојуз за заштита на Амазонија, најголемата тропска шума на планетата, јави агенцијата Анадолија. Амазонските шуми понекогаш ги нарекуваат и „белите дробови на Земјата“ бидејќи тие произведува најмногу од кислородот на планетата. Најголемиот дел од нив се наоѓаат во Бразил, но добар дел се протегаат и во Чиле, Болвија, Венецуела и во Колумбија.

    – Одлучни сме да ја преродиме амазонската прашума како би му пружеле на човештвото важна победа во борбата против климатските промени – истакна Петро на климатскиот самит на Обединетите Нации, што се одржува во Шарм ел-Шеик во Египет.

    Мадуро посочи дека е потребно итно дејствување.

     

     

    – Ние во Јужна Америка имаме одговорност, а тоа е да го запреме уништувањето на Амазонија и да воспоставиме координиран процес на закрепнување – подвлече Мадуро.

    Петро истакна дека неговата земја ќе издвојува 200 милиони долари годишно во наредните две децении, за да се спаси Амазонија и апелираше на солидарност на мултилатералните организации и големите држави во светот.

    Единствените латиноамерикански лидери кои присуствуваат на самитот КОП27 се Мадуро и Петро.

    Амазонската прашума или Амазонија зазема околу една третина од Јужна Америка околу реката Амазон. Воедно, станува збор и за областа со најголема биолошка разновидност во светот.

    Површината на прашумата се протега низ девет држави, а најголем дел, околу 60 отсто е во Бразил.  Поради неконтролирана сеча доаѓа до проблеми како што се ерозија, поплави и климатски промени и се уништува живеалиштето на многу растенија и животни.

    Самитот КОП27 се одржува од 6 до 18 ноември. На него присуствуваат повеќе од 100 лидери и шефови на држави и разговараат за начини за намалување на негативните влијанија на климатските промени и за прилагодување на нивните последици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img