More

    Вашингтон испрати нов ракетен систем во Украина

    spot_img

    САД испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина, потврди Пентагон. Ова оружје со висока прецизност е дел од итниот воен пакет за Украина што САД го најавија пред шест месеци.

    „Претседателот Џо Бајден му наложи на својот тим да испорача ракетни системи со долг дострел откако Русија набави балистички ракети од Северна Кореја и ги употреби против Украина“ – соопшти Пентагон.

    Тактичките ракетни системи на војската, познати како АТАЦМС, ќе и помогнат на Украина да им се закани на руските сили во кој било дел од окупираната украинска територија, се додава во соопштението.

    АТАЦМС  е ракетен систем за наведување балистички ракети со долг дострел, со висока прецизност, со дострел од 300 километри, кој може да се лансира од мобилни платформи како што се ракетни лансери ХИМАРС.

    – Ќе се погрижам испораките да започнат веднаш. Во следните неколку часа, буквално за неколку часа ќе започнеме да испраќаме опрема за противвоздушна одбрана, артилериска муниција за ракетни системи и оклопни возила во Украина – рече Бајден во Белата куќа.

    Американскиот претседател нагласи дека обновувањето на залихите на американско оружје на Украина е инвестиција „не само во безбедноста на Украина, туку и во безбедноста на Европа и сопствената безбедност“.

    Минатиот октомври Украина распореди американски ракети АТАЦМС. Тогаш тоа беа модели со помал домет од околу 165 километри. Украинската влада бара ракети кои можат да погодат многу подалечни цели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img