More

    Вака ја објасни патријархот Кирил инвазијата кон Украина и порача таа да прекине

    spot_img

    Патријархот московски и на цела Русија, Кирил повика на прекин на „меѓусебните спорови“ меѓу Украина и Русија, нагласувајќи, сепак, дека е далеку од западниот пацифизам по ова прашање.

    – Нека биде Господ милостив кон сиот наш народ, да ги прекине меѓусебните препукувања… Господ да го просветли секој што е вклучен во овие непријателства, и секој да сфати дека пука во својот брат. И затоа, крајот на војната, воспоставувањето на мирот и духовното единство на целиот наш народ е наша молитва денес и треба да биде предмет на нашите заеднички напори – рече патријархот.

    Во исто време, тој истакна дека во овој случај „ние сме многу далеку од она што на западниот јазик се нарекува пацифизам“.

    Според патријархот Кирил, денес многу сили работат на тоа да докажат дека одвојувањето на рускиот народ е благослов. Зборувајќи за тоа, тој го наведе својот разговор со политичар кој прашал зошто црквата се залага за зачувување на единствениот руски простор.

    Во одговорот, патријархот рекол дека се работи за народ кој „сака да живее во голема куќа“.

    – Тогаш го прашав тој господин: дали повеќе сакаш да живееш во мал стан, да ја браниш својата слобода и независност од другите или во голем стан, во голема куќа? Овде претпочитаме да живееме во голема куќа, но да не биде тесна, да не се претвори животот во она што понекогаш се случува во заеднички двор, кога луѓето стануваат непријатели – рече патријархот Кирил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img