More

    Уставниот суд му ги расипа плановите на хрватскиот претседател

    spot_img

    Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ не може да се кандидира на претстојните парламентарни избори и да ја преземе премиерската функција, одлучи денеска Уставниот суд на Хрватска.

    Претседателот на хрватскиот Уставен суд, Мирослав Шепаровиќ, по средбата, која траеше повеќе од два часа, се обрати до јавноста.

    – Врз основа на член 125, Уставниот суд објавува предупредување врз основа на изјавата на Зоран Милановиќ дека ќе се кандидира. Уставниот суд ја разгледа неговата изјава, должни сме да предупредиме дека одлуките треба да се усогласат со темелните вредности на Хрватска. Претседателот ја претставува Хрватска и е одговорен за одбрана на независноста. Членот 96 предвидува дека тој не може да врши никаква друга должност. Претседателот е непартиска личност и не може да учествува во активностите на ниту една политичка партија – истакна Шепаровиќ.

    Претседателот на Уставниот суд, појасни дека и во случај на оставка, привремениот претседател на Хравтска не може да биде канидат за пратеник и дека ќе има реакција доколку претседателот го прекрши законот.

    – Во случај на оставка, привремениот претседател на Република Хрватска не може да биде кандидат за пратеник. Одговорноста е на нивните законодавци, секое дејствие е спротивно на Уставот. Целиот изборен процес ќе биде под строг надзор на Уставниот суд, доколку се утврди дека се постапува спротивно на законот, ќе ја информираме јавноста или ќе ја откажеме кандидатурата, веднаш нека престанат со активностите што се спротивни на Устав –  најави Шепаровиќ.

    За оваа одлука гласаале девет судии во хрватскиот Уставен суд, а против биле двајца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img