More

    Успешна мисија на капсулата Орион, астронаутите се враќаат на Месечината во 2025 година

    spot_img

    Капсулата Орион на американската вселенска агенција НАСА синоќа за последен пат прелета околу Месечината и се упати кон Земјата, а во недела е планирано да падне во морето кај Сан Диего.

    Официјалните лица велат дека тринеделниот тест лет ги надминал очекувањата, но најголемиот предизвик е пред нас, поминување низ атмосферата со повеќе од 30 пати поголема брзина од звукот.

    Капсулата во која наместо екипажот има три манекени со сензори за мерење на вибрации, космичко зрачење и други параметри, и пријде на Месечината од нејзината „темна страна“, која не е видлива од Земјата.

    Капсулата прелета и над местата за слетување на Аполо 12 и 14, но на височина од 1.900 километри не можеше да се забележи ништо што астронаутите можеби го оставиле зад себе пред половина век.

    Орион стигна на Месечината на 21 ноември, прва мисија по програмата Аполо на НАСА пред 50 години.

    Доколку пробната мисија оди добро, астронаутите би можеле да летаат околу Месечината веќе во 2024 година. Ако тоа оди добро, слетувањето на Месечината би можело да следи во 2025 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img