More

    Унгарија, Австрија и Србија се договорија да ја бранат ЕУ од мигранти

    spot_img

    Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија во поглед на луѓе и на опрема во однос на одбраната од мигранти, пишува Новости.

    – Нашиот заеднички интерес е да ја преместиме таа одбранбена линија на југ и затоа се договоривме да ги комбинираме нашите сили и да обезбедиме уште подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна Македонија, како во однос на персоналот, така и во однос на опремата – вели Сијарто.

    На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија во кои зборуваа за напливот на мигранти, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и оние на ЕУ.

    Тој додаде дека досега имало само неколку десетици граничари кои учествувале во таа соработка, додека денеска се гледа дека таа соработка мора да добие сосема друга димензија.

    – Мораме заеднички да формираме сила која ќе биде подготвена и способна да ја брани српско-македонската граница од илегалните мигранти – изјави шефот на унгарската дипломатија.

    Сијарто изјави дека во Украина е неопходно да се прекинат воените активности и да се седне на преговарачка маса, но дека повеќето европски земји ги нагласуваат санкциите против Русија наместо да промовираат мировни преговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img