More

    Украинците велат дека собориле руски ракети, Русите истражуваат

    spot_img

    Снимка од експлозија на Крим која се случила ноќеска се прошири на социјалните мрежи. Украинската страна вели дека се работи за соборување на две руски ракети од типот „Калибр НК“, кои ги користат руските бродови од Црноморската флота за гаѓање цели внатре во Украина, пишува Гардијан.

    Видеото го сподели советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко. Тој вели дека според говорот од видеото се работи за железничката станица во градот Џанкој на полуостровот. Експлозијата се случила на околу 140 километри од линијата  на фронтот.

     

     

     

    Украинските власти на Телеграм го коментираа случајот:

    „Процесот на демилитаризација на Русија и подготовката на украинскиот полуостров Крим за деокупација продолжи со мистериозен „тресок “.

    Според руската страна пак, оштетени се само едно или две домаќинства, а едно лице е повредено.

    – Сè уште се обидуваме да ги утврдиме сите последици – изјави Сергеј Аксјонов, рускиот гувернер на Крим.

    Истовремено, руски корисници на Телеграм пишуваат дека можеби станува збор за напад со дрон.

    Лани во октомври украинските сили во разорна експлозија го разнесоа мостот кој го поврзува Крим со остатокот од Украина. Ова беше едно од поголемите понижувања за рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img