More

    Украина уништи руски противвоздушен систем во близина на градот Евпаторија на Крим за време на ноќен напад со проектили и дронови на украинската морнарица и безбедносните сили

    spot_img

    Украина уништи руски противвоздушен систем во близина на градот Евпаторија на Крим за време на ноќен напад со проектили и дронови на украинската морнарица и безбедносните сили, соопшти извор од украинското разузнавање.

    Русија соопшти дека нејзината воздушна одбрана синоќа соборила 11 беспилотни летала над украинскиот полуостров, кој го анектираше во 2014 година.

    Украинскиот извор рече дека беспилотните летала го заслепиле рускиот систем за противвоздушна одбрана „Триумф“ со напад на неговиот радар и антена, по што воената морнарица истрелала две крстосувачки ракети „Нептун“ од украинско производство врз местата за лансирање на системот.

    Противбродските ракети Нептун биле прилагодени за напади врз копнени цели, велат воените аналитичари.

    Во меѓувреме, гувернерот на руската област Курск Роман Старовојт објави дека во украинското гранатирање загинало едно лице и била оштетена електричната мрежа.

    Старовојт рече дека еден човек загинал при гранатирање на градот Теткино на границата со Украина, а 10 гранати паднале во селото Гордеевка, од каде што нема информации за повредени.

    Светските агенции нагласуваат дека информациите не можат независно да бидат потврдени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img