More

    Советникот на Зеленски се истрча со изјава за Индија и за Кина

    spot_img

    Изјавата на главниот советник на украинскиот претседател дека Кина и Индија имаат низок потенцијал фрли прашина на Твитер. Михаило Подољак нарече дека бил цитиран погрешно и надвор од контекст, а дека се работи за класична руска пропаганда.

    – Класична руска пропаганда: извадете ја од контекст, искривете го значењето, разграничете ја за да ја одделите целната публика со провокација на конфликти – рече Подољак на X, поранешен Твитер.

    Тој, сепак, не негираше дека го кажал она што го кажал во широко споделеното интервју за украински медиум во вторникот, а тоа беше следното:

     

     

    – Проблемот со овие земји (Кина и Индија) е што тие не ги анализираат последиците од сопствените потези. Овие земји, за жал, имаат низок интелектуален потенцијал – рече Подољак, додавајќи дека само затоа што Индија има програма за истражување на Месечината тоа „не значи дека оваа нација разбира што точно претставува современиот свет“.

    Оваа оценка на Подољак предизвика бура од критики од Индијци твитерџии на Х, а кинеското Министерство за надворешни работи побара појаснување.

    Во средата, обидувајќи се да објасни што всушност сакал да каже, Подољак тврдеше дека „Турција, Индија, Кина и другите регионални сили се повеќе и јасно се оправдани да бараат глобални улоги во современиот свет“.

    Сепак, рече тој, „глобалниот свет е многу поширок дури и од најпромислените регионални национални интереси. Глобалниот свет се заснова на стабилност и предвидливост, на рационалност и стратегија, на меѓународно право и јасни правила на игра“, за кои тој смета дека Русија се обидува да ги поткопа.

    Според Подољак „колку побрзо Русија загуби, толку повеќе има шанси светот да се врати на стабилноста и правилата на игра“, а „задачата на големите сили е да го забрзаат овој момент“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img