More

    Украина обвинува за можни нови напaди со „Искандер“

    spot_img

    Руската армија подготвува нови ракетни напади врз Украина и тоа од мобилни лансирни рампи во Белорусија, тврди Генералштабот на украинската армија, јави ДПА. Украинската Служба за воено разузнавање тврди дека ракетни лансирни рампи од типот „Искандер“ се распоредени во близина на Калинавичи, во југоисточна Белорусија.

    Тврдењата на Киев не се потврдени од независни извори, додава ДПА.

    „Искандер“ е мобилен ракетен систем способен да лансира балистички ракети со краток дострел и крстосувачки ракети. Експертите забележуваат дека проектилите после лансирањето исфрлаат т.н. „мамки“ за да ги збунат радарите или системите за противвоздушна одбрана.

    Конфликтот во Украина трае веќе месец дена. Според Људмила Денисова, комесар за човекови права од Вровхната рада, вкупно 143 деца се убиени, а 216 повредени заклучно со 28 март. Сепак, според неа, точниот број на загинати и повредени деца не може да се утврди поради тоа што се водат интензивни престрелки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img