More

    Учениците од шесто одделение ќе ги добијат материјалите, вели Шаќири

    spot_img

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува доставата на учебници за шесто одделение да заврши наскоро и дека во некои градови таа е веќе завршена. Тој додава дека проблемот со одобрувањето на учебниците не е од вчера, туку истиот е во последните 15 години.

    Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик Шаќири вели дека учебници за шесто, кои годинава се печатат нови согласно новите наставни програми, се доставуваат секојдневно и дека побарал од економскиот оператор што ги печати да се забрза процесот.

    Посочи дека постапките зависат и од Националната комисија за учебници, а дека постапките што зависат од МОН, како што рече, се завршуваат за еден или два дена.

    – Еден милион и 400.000 учебници се доставени во основното образование. Ова е многу значаен факт затоа што проблемот со учебници не е од последната година туку од последните 15 години. Но, ме радува фактот што на крајот на септември и почетокот на октомври, како и во текот на овие денови, имаме достава на учебници. Ова не беше само процес на печатење на учебниците, туку и на одобрување на учебниците за шесто одделение. Различно од претходната година и од претходните 15 години, ние сите постапки на одобрените учебници ги имаме завршено на 1 септември – изјави Шаќири од Вашингтон каде што е во неколкудневна работна посета.

    Соопшти дека на средби што ги имал со претставници од високото образование се разгледува можноста за соработка со американски универзитети за гостување на визитинг-професори од САД на нашите факултети. Рече и дека од оваа академска година ќе имаме повеќе студенти со Фулбрајт стипендија.

    Спомна и дека со САД реализираме неколку важни проекти, меѓу кои е заедничкиот проект за медиумска писменост кој е дел од наставните програми во основното образование.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img