More

    Убиство во Капиштец – Играле на апарати во казино, па извадиле пиштоли

    spot_img

    Во казино лоцирано на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, во близина на Млечен ресторан во Капиштец, рано утринава било извршено убиство со огнено оружје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Според МВР, едно засега непознато лице пукало во 46-годишен жител на скопско Арачиново.

    „Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул.М.Т.Гологанов едно лице пукало во Н.А. (46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

    Улицата пред казиното е веќе со часови затворена, а сообраќајот се пренасочува по другите сообраќајници. На местото на настанот е присутна полиција и екипа на Брзата помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img