More

    Уапсените навивачи денеска ќе се појават пред грчкиот обвинител. Што ги чека?

    spot_img

    Сите 94 уапсени лица кои вчера беа приведени од грчката полиција по навивачките немири во пресрет на натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо ќе бидат изведени пред обвинител.

    Уште пет Хрвати кои наводно учествувале во групата која ги предизвикала крвавите инциденти во Нова Филаделфија во вторникот доцна вечерта биле донесени во Игуменица, додека со брод требало да отпатуваат за Италија, а оттаму да се вратат во Хрватска, јавува агенцијата АНА.

    Освен тоа, вчера во Какавија е уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус се обидувал да замине од Грција за Тирана.

    По вчерашните навивачки немири во кои едно лице загина, а осум беа повредени, полицијата постави блокади низ цела Грција, особено на излезите од земјата, за да ги уапси сите инволвирани во наведените крвави инциденти.

    Според информациите, се проценува дека најмалку 50 хрватски навивачи се уште се во бегство, а во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителите на убиството.

    Медиумите вчера објавија дека е уапсен Грк за убиството на 29-годишниот Михалис, навивач на АЕК, што официјално не е потврдено.

    По овие случувања, УЕФА го одложи натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо и новиот термин е 19 август. Натпреварот кој требаше да се игра во Загреб следната недела на 15 август, останува на распоредот.И покрај тоа, АЕК сепак бара натпреварот да биде откажан.

    „Како е можно по варварското убиство на Михалис од глутница хулигани од Хрватска, АЕК да излезе на терен и да мора да игра против овој тим?“, пишува на официјалниот сајт на атинскиот клуб, кој е очигледно бара исфрлање на Динамо од европските натпреварувања.

    „Кој всушност не принудува да ги играме тие натпревари додека крвта на нашиот убиен навивач и други тешко повредени навивачи капе? Кога сите знаат дека тие што дојдоа овде да убиваат се составен дел од организацијата со која треба да играме фудбал? Дали лобирањето на Хрватите во контекст на УЕФА е поважно од човечките животи што ги одзедоа убијците? И дали доброто на европскиот фудбал бара да ги принудиме нашите играчи да играат фудбал во нивното дувло како ништо да не се случило?“, продолжува АЕК.

    „Има само еден начин: Итна и строга казна сега! Цивилизираниот европски фудбалски свет го чека тоа“, го завршува овој текст АЕК барајќи казна за Динамо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img