More

    Уапсени трите лица во БиХ кои барале пари во замена за информација за исчезнатата Данка

    spot_img

    Припадниците на Федералната полициска управа уапсија три лица во Хаџиќи, кантон Сараево, поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Србија, објавува Кликс.

    Уапсени се Башар Туфанкџи, Закуан Туфанкџи и Мухамед Туфанкиџи во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.

    Акцијата на Федералната полициска управа следи по актот издаден од Интерпол Белград.

    Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа ги лоцирале лицата преку ај-пи адресите, кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче во Република Србија, односно барале 50 илјади конвертибилни марки за откривање информации.

    Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за тројцата кои се лишени од слобода е во тек.

    Двегодишната Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, околу 13 часот во Бањско поле кај Бор, се уште не е пронајдена. Вчера попладне, по 27 часа, полицијата ја прекина теренската потрага бидејќи не верува дека девојчето се наоѓа на пребараниот простор од околу 10 квадратни километри.

    фото: ФУП

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img