More

    Турција утрово се тресеше 17 пати

    spot_img

    Откако утрово во 8.44 часот по локално време силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Адана, Турција, тлото се тресело уште најмалку 17 пати.

    Истиот регион беше погоден од последователни земјотреси, од кои најсилните беа со јачина од 4,4 степени и 3,5 степени според Рихтеровата скала, јавуваат турските медиуми. Следуваа најмалку 17 последователни потреси во кратки интервали до 10:57 часот.

    Првиот земјотрес предизвика паника во центарот на градот и околните квартови, а граѓаните истрчале од своите домови и работни места. Се истражува дали има штета.

    Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека луѓето трчаат од продавници додека работите паѓаат околу нив.

     

     

    Медиумите јавуваат дека 55 лица се пријавиле во болницата во соседниот кварт Кадирли поради страв и паника за време на земјотресот.

    Оние кои дошле во болница со страв од земјотрес биле на здравствена контрола во Итната помош.

    Две лица скокнале од балкон за време на земјотресот и се во добра здравствена состојба.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img