More

    Турски пратеник доживеа инфаркт на говорница

    spot_img

    Турскиот пратеник Хасан Битмез (53) доживеа инфаркт на говорницата и падна на земја по обраќањето во Народното собрание на Турција. Битмез кој е пратеник од партијата Саадет, од говорницата рече дека сите политичари ќе бидат казнети од Господ за „теророт на Израел врз Палестинците“, а потоа и самиот падна на земја.

    На снимката се гледа Битмез како стои зад говорницата пред ненадејно да падне на земјата додека се обраќа во Народното собрание на Турција, а колегите му притрчуваат на помош.

    -Нема да му избегате на гневот на Алах – рече Битмез неколку моменти пред да се струполи на подот.

    Битмез во својот говор го обвини Израел за злосторства против човештвото и етничко чистење на Палестинците.

     

    Пратениците на Партијата на правдата и развојот, која ја предводи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, му возвратија, кажувајќи дека Битмез го погодил „божјиот гнев“.

    Иако Турција ги осуди убиствата на израелските државјани во нападот на Хамас на 7 октомври, неколку дена потоа Ердоган ги нарече милитантите на Хамас „борци за слобода“. Ердоган исто така го критикуваше Западот поради неговата силна поддршка на Израел кого го обвини дека извршил воени злосторства во Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img